СДСМ-Одлуката на Јавното обвинителство не е изненадување

Прес конференција на Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Од СДСМ денеска соопштија дека одлуката на Јавното обвинителство за случајот „Пуч“ не е изненадување, затоа што токму партијата, со докази, аргументирано, објавила под каква контрола на извршната власт е целокупниот систем во Македонија. Според партијата, Јавното обвинителство одлуката ја донело за само 6 дена, од вкупно 30 дена кои ги имало на располагање.

Во соопштението од СДСМ наведуваат дека одлуката, максимално брзо да се донесе обвинителен акт доаѓа директно од Никола Груевски и Сашо Мијалков, кои се фатени во рушење на уставниот поредок и во злодела врз граѓаните на Македонија. Тоа што сега го очекуваат, како што посочуваат од партијата е брзо да се донесе и пресуда против лидерот на опозицијата и другите лица кои се во притвор.