Упасен лидерот на Самоопределување во Косово

Косовската полиција соопшти дека лидерот на Самоопределување, Дардан Моличај бил уапсен за попречување на службено лице во извршувањето на неговите должности. Според полицијата, Моличај бил уапсен на аеродоромот во Приштина од каде што требало да отпатува за Швајцарија на средба со поддржувачи на неговата партија.

Моличај беше предводник на антивладините протести во јануари кои завршија со судири на демонстрантите со полицијата. Тој доколку биде осуден се соочува со казна до 5 години затвор.