ВМРО ДПМНЕ-Заев продолжува да работи за своите нарачатели

СДСМ го продолжува патот по кој тргнале, но се поочигледно станува дека на тој пат не ги добиваат очекуваните резултати и ефекти од тоа што го прават. Нивните прес-конференции се се повеќе израз на една малограѓанска култура отколку на достојна политичка битка, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ во рекација на денешната прес-конференција во Кавадарци на Зоран Ѓорѓиев од СДСМ.

Според соопштението на ВМРО ДПМНЕ, во денешното објавување на креираните, сечени и монтирани материјали, преку кој Заев продолжува да одработува за своите нарачатели, може да се види дека и покрај обидите за давање на контекст и наратив на објаснувачот нема апсолутно никаква импликација за било какво незаконско работење, ниту пак нелегално, туку само еден мрачен и срамен порив на Заев и тесната клика околу него да пласираат креирани и монтирани материјали за да си го потхранат нивните ниски страсти за да може потоа да озборуваат, муабетат и да се ситат на приватните животни предизвици кои ги имаат некои граѓани.