Унгарија нема да воведе смртна казна

Карикатура на Виктор Орбан, премиер на Унгарија.

Кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан соопшти дека земјата не планира да ја воведе смртната казна. Орбан претходно повика на дебата за повторно воведување на најстрогата казна.Според него, прашањето би требало да биде на агендата во Унгарија, бидејќи постоечките казни биле премногу меки. Изјавата на Орбан наиде на остри критики и во Унгарија и од ЕУ.