ЕУ бара Авганистан да се бори против корупцијата

ЕУ ги повика авганистанските власти да се борат против широко распространетата корупција во земјата. Според ЕУ, авганистанските власти добро започнале со реотварањето на случајот со измамата во банката Кабул, но сега мора да се преземат конкретни чекори со кои корупцијата ќе биде спречена. ЕУ соопшти дека корупцијата во земјата доаѓа од највисоките редови и оттаму треба да почне борбата.