Авганистанските сили напредуваат во борбите со талибанците

Авганистанската полиција соопшти дека јадрото на офанзивата на талибанците во Кундуз било уништено и безбедносни сили спроведуваат план со цел да ги блокираат милитантите да влезат во земјата од Пакистан. Безбедносните сили веќе петти ден се борат против талибанците. Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека повеќе од 200 милитанти биле убиени од почетокот на офанзивата на 24 април. Според министерството, 13 припадници на безбедносните сили загинале во борбите.