Ослободени предводниците на протестите против Ердоган

Реџеп Таип Ердоган

Турски суд денеска ги ослободи сите 26 лица кои се осомничени дека ги организирале и предводеле масовните протести во 2013 година против претседателот Реџеп Таип Ердоган. Активистите се обвинети за основање злосторнички синдикат, нарушување на јавниот ред и мир и организирање нелегални протести преку социјалните мрежи. На обвинетите им се закануваше повеќегодишна затворска казна. Амнести интернешнел го оцени целиот процес како „политички мотивирана судска претстава“.