Голем пад на приходите на Газпром во 2014

Рускиот енергетски гигант Газпром соопшти дека компанијата доживеала голем пад на приходите во минатата година. Тоа според аналитичарите, се должи на меѓународните санкции, ослабената рубља и падот на цените на нафтата. Газпром, кој генерира околу 8 проценти од БДП на Русија наведе дека приходите паднале од 22 милиони долари во 2013 на 3,1 милијарда долари во 2014.