Средношколците бараат мониторинг на средбите со МОН

Протестен марш на средношколците.

Тројца претставници на Средношколскиот пленум денеска остварија средба со министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми и неговиот заменик Спиро Ристоски. Од пленумот соопштија дека на средбата им било предложено да се формираат работни групи кои ќе ги разгледуваат предлозите за подобрување на концептот на матура и екстерното тестирање во иднина. Но, како што наведуваат од пленумот тие веќе имале конкретни решенија и порачуваат дека не отстапуваат од нивните барања. Тие побараа на наредната средба да има мониторинг од Народен правобранител, детската амбасада Меѓаши и од Хелсиншкиот комитет за да не бидат изманипулирани и да не паднат под политички влијанија.