Осум пакистански работници загинаа во Саудиска Арабија

Најмалку осум пакистански работници биле убиени кога се урнала зграда на која се извршувале градежни работи во Саудиска Арабија. Идентитетот на деветата жртва во несреќата која се случила во градот Касим е непозната. Шест работници биле повредени, а најверојатно 15 други се заробени под урнатините. Несреќата се случила кога работниците истурале цемент од кровот на зградата.