Руските власти заплениле имот на фирмата на Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Руските власти заплениле дел од имотот на фабриката за слатки Рошен во сопственост на украинскиот претседател Петро Порошенко, која се наоѓа во градот Липецк. Компанијата соопшти дека руските власти намерно ги преземаат сите можни чекори да ја спречат продажбата на имотот на Рошен во земјата. Тие најавуваат дека ќе поднесат тужба за запленувањето на имотот кој бил вреден речиси 39 милиони долари. Порошенко вети дека ќе ја продаде компанијата.