Казахстан-Инаугурација на претседателот Назарабев

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев денеска положи заклетва на функцијата, три дена по победата на изборите кои беа критикувани од меѓународните набљудувачи. 74 годишниот Назарбаев изјави дека земјата ќе продолжи да бара баланс во нејзината надворешна политика и понатаму ќе ги зајакнува односите со стратешките партнери, Русија, Кина, САД, ЕУ и исламскиот свет. Назарабев освои 97,7 од гласовите на изборите. ОБСЕ соопшти дека на гласачите им бил понуден ограничен избор.