Ден на жалост во БиХ

Драган Џуриќ

Во Босна и Херцеговина денеска е прогласен Ден на жалост по нападот врз полициска станица во Зворник. Во нападот беше убиен полицаецот Драган Џуриќ, а повредени беа двајца негови колеги Жељко Гајиќ и Стево Миловановиќ. Нападот го изврши 24-годишниот Нердин Ибриќ од село во близина на Зворник. Џуриќ ќе биде погребан денеска на гробиштата во Каракај, во близина на Зворник, со највисоки полициски почести.