ОН-8 милиони луѓе погодени од земјотресот во Непал

ОН соопштија дека 8 милиони луѓе биле погодени од земјотресот во Непал во кој загинаа речиси 4400 лица, а 1,4 милиони имаат потреба од храна и вода. Координаторот за домување на ОН во Катманду, Џејми Мек Голдрик изјави дека околу 2 милиони луѓе се наоѓаат во најлошо погодените 11 реони во земјата. Според неа, вистински предизвик е испораката на помош во малите места кои се наоѓаат на големи надморски височини.

Во меѓувреме хеликоптери летаат над планините во близина на епицентарот на земјотресот и притоа ги пренесуваат повредените во болниците и носат помош до селата кои се отсечени од лизгање на земјиштето.