Иванов-Демотивира одлагањето на проширувањето на ЕУ

Претседател Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов изјави денеска дека Македонија веќе 10 години се наоѓа во чекалната на ЕУ. Според него, одлагањето на проширувањето Унијата демотивира и создава фрустрации во македонското општество, како и нестабилност во политичкиот живот и тензии во меѓуетничките односи.

Тој на отворањето на третиот Глобален форум во Баку, Азербејџан истакна и дека Македонија не е единствената што ги трпи последиците од одлагањето на проширувањето. Тој посочи дека Косово се соочува со масовни миграции, додека Босна и Херцеговина со нестабилност. Иванов претходно оствари средба со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.