Во лизгање на земјиште во Авганистан, 42 жртви

Авганистанските власти соопштија дека најмалку 52 лица загинале во лизгање на земјиштето во селото Јурм е Бала во покраината Бадакшан. Според нив, околу 200 жители го напуштиле селото, а спасувачките тимови имале потешкотии да стигнат до местото. Во пролет поплавите и лизгањето на земјиштето се честа појава во североисточниот дел на Авганистан додека има поројни дождови.