Туск-Молдавија клучен партнер на ЕУ

Доналд Туск

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и вети на Молдавија поблиска соработка и притоа ја повика земјата да го реформира правосудниот систем и банкарскиот сектор. Тој ја нарече Молдавија, која граничи со Украина и Романија клучен партнер на ЕУ. Молдавија го потпиша Договорот за асоцијација со ЕУ во јуни минатата година на што се спротистави Русија и постави ембарго на увозот на некои овошја и зеленчуци од земјата. Според Туск, Молдавија се соочува со тешкотии поради домашни проблеми, но и поради регионалната нестабилност и несигурност.