Заев: какви странски служби, Мијалков и Груевски со години прислушувале

Денеска ќе презентираме дел од доказите што ќе потврдат кој следел и прислушувал во Република Македонија и како го правел тоа, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на почетокот од денешната прес конференција. Материјалите што денеска ќе ги споделиме со јавноста во Македонија, додаде тој, ќе го потврдат она што го говориме од самиот почеток. Податоците за нелегалното прислушување потекнуваат од постојниот систем за следење на комуникациите во Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Какви странски служби, какви комбиња, каква шпионажа, или пучови, истакна Заев. Сашо Мијаклов и Никола Груевски со години неовластено прислушувале граѓани на Република Македонија. Еве на кој начин се воделе евиденциите од прислушуваните од страна на власта, рече Заев на почетокот од објавувањето на новата „бомба“ за криминалите на власта.