Без договор и втората средба на средношколците и МОН

Протестите на средношколците во Скопје

Втората средба меѓу претставници на Средношколскиот пленум и претставници на министерството за образование и наука заврши без договор. Од пленум соопштија дека иако на средбата не бил постигнат финален компромис и нивните барања не биле усвоени тие сметаат дека преговорите се движат во позитивна насока. Од пленумот порачуваат и дека преговорите како и одржувањето на средношколскиот фронт и бојкотот на наставата во средните училишта продолжува во наредните денови.