ОБСЕ-Гласачите во Казахстан имаа ограничен избор

Гласањето на претседателските избори во Казахстан.

ОБСЕ соопшти дека гласачите на претседателските избори во Казахстан имале ограничен избор поради рестрикциите на слободата на говор и недостигот на вистинска опозиција. Шефицата на набљудувачката мисија, Корнелија Јонкер изјави дека партијата и претседателот Нурсултан Назарбаев, кој освои 97,7 од гласовите доминираат на политичката сцена и на гласачите не им бил понуден вистински избор и алтернатива. Според неа, останатите кандидати отворено ги пофалиле наводните успеси на Назарбаев, а медиумите се соочиле со значителни ограничувања.