Обвинувања за прекин на огнот во Украина

Украинските воени власти денеска соопштија дека во изминатото деноноќие загинало едно лице, а седум се повредени во напади од страна на сепаратистичките сили.

Портпаролот на армијата Олександар Мотузјаник во Киев изјави дека бунтовниците кои држат делови од источните провинции ги засилиле нападите врз владините сили, со што го кршат договорот за прекин на огнот. Тој рече дека сепаратистичките сили користат артилерија со голем калибар и покрај определбите на двете страни да се повлече оружјето од предните борбени линии.

Бунтовниците, исто така, ја обвинуваат Украина за кршење на прекинот на огнот.