ДИК: До 10 часот излезноста на референдумот е 5,5 проценти

Државната изборна комисија (ДИК) според првичните резултати соопшти дека до 10 часот на референдумот за ГТЦ излегле 2.420 граѓани на Центар или 5,56 проценти од гласачкото тело. Право на глас, според ДИК, имаат43.560 граѓани.

За споредба со последните претседателски избори од минатата година излезноста била 9,51 процент до 10 часот.

ДИК информираше дека, вчера своето право на глас го искористиле затворениците и притворениците од оваа општина. Од вкупно регистрирани 45 луѓе, своето право го искористиле 38, а гласале и седум болни и изнемоштени лица во своите домови.

Денеска во 78 избирачки места во Општина Центар се одржува референдум за ГТЦ, а граѓаните одговараат на прашањето „Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на фасадата на Градскиот трговски центар?“.