ВМРО - ДПМНЕ:СДСМ нема чувство на одговорност спрема државата

Со денешните монтирани, прилепувани и сечени разговори СДСМ покажува дека нема ниту грам чувство на одговорност спрема државата, но и спрема бранителите и сите останати граѓани, стои во реакцијата од ВМРО - ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ во Гостивар.

„Со монтираните и сечени разговори СДСМ сака еднаш да ја прикаже ВМРО-ДПМНЕ како лесен преговарач, веќе наредниот пат тие обвинуваат за непопусливост. СДСМ еднаш вика дека во државата се се контролирало партиски, а веднаш потоа обвинуваат дека се немало контрола. Тоа покажува дека и СДСМ веќе не знае како да излаже, се вели во реакцијата од ВМРО - ДПМНЕ .

Тоа што СДСМ прибегнува кон вакви манипулации, смета ВМРО - ДПМНЕ, е показател дека нема никаква поддршка од граѓаните, деструктивните политики не се начин на водење политика.