Груевски - Гошинце да не се злоупотребува за политички цели

Државниот врв на средба кај претседателот Ѓорѓе Иванов по инцидентот во Гошинце.

Настанот во Гошинце е сериозен во кој учествувала група учесници чиј идентитет веќе им е познат на нашите институции и за што е известена меѓународната заедница и институциите во Косово, оцени денеска во Охрид премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Toj порача дека овој настан не смее да се става во дневно-политички контекст.

„Сакам да им порачам една работа на сите инволвирани, ова не е 2001. Институциите ќе делуваат решително и одлучно во рамки на своите надлежности“, рече Груевски.

Осврнувајќи се на изјавата на лидерот на СДСМ во врска со овој настан, Груевски побара воздржаност од шпекулации од страна на опозицијата.