Силен земјотрес во Непал, најмалку 70 жртви

Најмалку 71 човек загинал во земјотресот што го потресе Непал, соопштија од тамошното Министерство за внатрешни работи. Други извори пак велат дека бројот на загинати е повеќе од 200. Силен земјотрес со јачина од 7,9 степени го погоди регионот на околу 80 километри северозападно од главниот град на Непал, Катманду.

Извештаите велат дека многу куќи се оштетени.

Земјотресот бил почувствуван и во Пакистан и во Индија.