Авион на „Туркиш ерлајнз“ принудно слета во Истанбул

Авион на компанијата „Туркиш ерлајнз“ Ербас 320 набрзо по полетувањето принудно слетал на истанбулскиот аеродром „Ататурк“. Летот за Милано бил прекинат поради што се запалил еден од моторите. Сите патници и членови на екипажот итно се евакуирани по принудното слетување. Нема информации за повредени лица. Претставници на „Туркиш ерлајнз“ се уште не гоо коментирале инцидентот.