Прифатена оставката на премиерот на Киргистан

Јомарт Оторбаев

Киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбаев ја прифати оставката на премиерот Јомарт Оторбаев и на неговата влада. Оторбаев вчера поднесе оставка од функцијата за време на контроверзиите околу работата на најголемиот рудник за злато во земјата Кумтор. Коалицијата сочинета од три политички партии има рок од 15 дена да номинира нов премиер. До тогаш Оторбаев ќе ја извршува функцијата.