Оланд со порака до Турците за масакрот на Ерменците

Францускиот претседател Франсоа Оланд на комеморацијата во Ереван.

Францускиот претседател Франсоа Оланд ја повика Турција да користи други зборови за да го опише масовното убиство на еден и пол милион Ерменци од отоманската империја, осврнувајќи се на одбивањето на Анкара маскарот да го окарактеризира како геноцид. Оланд го даде коментарот додека присуствуваше на 100 годишнината од обележувањето на смртта на Ерменците во Ереван.

На комеморацијата присуствуваше и рускиот претседател Владимир Путин, како и претседателите на Србија и Кипар, Томислав Николиќ и Никос Анастасиадис. Ерменија убиството го карактеризира како геноцид на што Турција се противи.