Одбележана 100 годишнината од маскарот врз Ерменците

Ерменскиот претседател Серж Саркисјан држи говор на комеморацијата за жртвите

Во светот и во Ерменија денеска се одржаа комеморации по повод 100 годишнината од маскарот врз Ерменците во Отоманската империја. Во ерменскиот главен град Ереван, претседателот Серж Саркисјан и неколку светски лидери положија цвеќе на споменикот во чест на жртвите. Ерменија убиството го карактеризира како геноцид на што Турција се противи. Меѓу присутните беа и претседателите на Русија и на Франција Владимир Путин и Франсоа Оланд, како и претседателите на Србија и Кипар, Томислав Николиќ и Никос Анастасиадес.