Шефот на грчката дипломатија на средба со Нимиц

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска во Њујорк ќе оствари средба со медијаторот Метју Нимиц. Грчкото МНР соопшти дека средбата ќе се одржи во просториите на Постојаната мисија на Грција во Обединетите нации. Коѕиас потоа ќе има средба и со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун, по што ќе дадат и изјави за медиумите.