Две години условен затвор за екс шефот на ЦИА Петреус

Поранешниот директор на американската Централна разузнавачка агенција ЦИА Дејвид Петреус е осуден на две години условен затвор и на парична казна од 100 илјади долари поради давање тајни документи на неговата љубовница и авторка на неговата биографија. Претходно тој се согласил на спогодба со судот, односно ја прифатил вината за неовластено поседување доверливи документи. Петреус поднесе оставка на функцијата во 2012 година кога медиумите ја обелоденија неговата врска со Пола Бродвел која пишувала книга за него.