Загинати емигранти во железничка несреќа кај Велес

Неколкумина емигранти загинале кога доцна синоќа во нив удрил воз кој сообраќал на пругата Скопје - Велес. Според првичните информации од полицијата, емигрантите се движеле по пругата во поголема група, а бидејќи станува збор за тесен терен немале можност да се спасат. За сега нема детали околу бројот на жртвите. Местото каде што се случила несреќата е непристапно .