ЕУ-Настанот во Гошинце да се реши на одговорен начин

Портпаролката на Европската унија, Маја Коцијанчич.

Портпаролката на Европската унија, Маја Коцијанчич денеска во изјава за МИА порача дека ЕУ е загрижена за настанот во Гошинце. Таа во име на ЕУ воедно бара од политичките партии во земјата да вложат напори за избегнување на зголемување на политичките или меѓуетничките тензии во земјата. Според неа, од суштинско значење е настанот да се реши на одговорен начин. Караулата во Гошинце беше нападната од 40 вооружени лица, кои држеа во заложништво четворица полицајци.