Спречени 5 напади во Франција

Францускиот премиер Мануел Валс изјави денеска дека пет екстремистички напади биле спречени во земјата од јануари по нападот на милитантите до Исламската држава, при кој загинаа 20 лица. Валс во моментов е под притисок за спроведување на мерки кои на властите ќе им дадат поголеми овластувања за надзор. Според него, заканата од терористички напади никогаш не била толку значајна.