Времето денеска: сончево со локална облачност

Во Македонија ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од 16 до 23 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и потопло, со мала локална облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 21 степен.