Дорис Пак-Нема проширување на ЕУ во наредните 4 години

Европарламентарката и известувач за БиХ, Дорис Пак

Европарламентарката и известувач за БиХ, Дорис Пак изјави денеска дека Србија нема повеќе да добива нови услови за влез во Европска унија. Но, според неа, реалноста е дека во следните четири години нема да има ново проширување на Европската Унија. Причината, како што наведува таа е во тоа што земјите-кандидатки не се на ниво за влез во Унијата. Пак порачува дека секоја земја ја има судбината во свои раце и ЕУ не може за нив да ја заврши работата, туку тоа треба да го направат нивните политичари.

Таа посочи дека за Србија најважен услов било воспоставувањето на добри односи со Косово. Воедно за време на предавањето во Нови Сад упати и критика до земјите-членки на ЕУ дека не покажуваат доволно заинтересираност за државите од Балканот да станат членки.