Ердоган-Потребна е копнена воена операција против ИД

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по средбата со ирачкиот претседател Фуад Масум, кој е во посета на Анкара изјави дека воздушните напади врз позициите на Исламска држава во Ирак и Сирија се недоволни за елиминирање на оваа терористичка група. Според него, за ефикасна борба е неопходна копнена воена операција. Тој порача и дека Анкара е подготвена да ја вооружи ирачката армија и да ги обучува нејзините припадници.