Мијатовиќ- Итна и темелна истрага за заканите кон новинарите

Претставничката на ОБСЕ за слободата на медиумите, Дуња Мијатовиќ

Претставничката на ОБСЕ за слободата на медиумите, Дуња Мијатовиќ денеска ги повика македонските власти да започнат итна и темелна истрага за смртната закана кон уредникот на НОВА, Борјан Јовановски. Според Мијатовиќ, властите треба да покажат дека не може да се помине неказнето за такви дела.

Таа порачува дека ужасниот чин е дел и од онака кревката ситуација со слободата на медиумите во земјата и испраќа уште една порака дека “критичките гласови треба да бидат замолчени“. Таквите работи, како што наведува Мијатовиќ се неприфатливи во едно демократско општество. Синоќа во куќата на Јовановски беше доставен венец со порака “Последен поздрав“. Во меѓувреме и новинарот Зоран Бојаровски доби смртни закани преку Фејсбук.