Газпром-Обвинувањата на ЕУ се неосновани

Рускиот енергетски гигант Газпром соопшти дека обвинувањата на ЕУ за злоупотреба на доминантната позиција на пазарот се неосновани. Во соопштението е наведено декакомпанијата стриктно се придржува кон сите норми на меѓународното право и законите во земјите каде работи.

Еврокомесарот за конкурентност Маргарет Вестагер изјави дека откриле оти Газпром можеби изградил вештачки бариери за спречување на испорака на гасот од одредени централно источни европски земји до други земји со што ја нарушуваат преку граничната конкуренција. Во соопштението е наведено и дека со тоа што националните пазари биле одделени на Газпром му овозможило да наплаќа цени, кои според ЕУ не биле фер. Газпром има рок од 12 месеци да реагира на обвинувањата.