ЕУ го обвини Газпром за монопол на пазарот

ЕУ го обвини рускиот енергетски гигант Газпром за злоупотреба на доминантната позиција во осум земји членки на Унијата, по повеќе од две години истрага. Еврокомесарот за конкурентност Маргарет Вестагер изјави дека откриле оти Газпром можеби изградил вештачки бариери за спречување на испорака на гасот од одредени централно источни европски земји до други земји со што ја нарушуваат прекуграничната конкуренција. Во соопштението е наведено и дека со тоа што националните пазари биле одделенина Газпром му овозможило да наплаќа цени, кои според ЕУ не биле фер. Газпром има рок од 12 месеци да реагира на обвинувањата.