Атина го поддржува гасоводот Турски тек

Шефот на рускиот гигант Газпром Алексеј Милер изјави дека грчката влада ја поддржува идејата за изградба на гасовод за транспорт на руски гас до Грција преку Турција. Милер по разговорите во Атина со грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека Руско европски конзилиум на бизнисмени ќе обезбеди средства за изградба на гасоводот познат како Турски тек кој ќе завршува во Грција со терминал за натамошна дистрибуција на гасот во Европа. Милер додаде дека гасоводот ќе биде во согласност со легислативата на Европската унија. Денеска Европската унија се очекува да го обвини Газпром за монополски договори со некои земји од централна и источна Европа кои се членки на Унијата.