Милијарда евра од ЕУ за инфраструктура на Западен Балкан

ЕУ ќе издвои до една милијарда евра за вклучување на земјите од Западен Балкан во Главната мрежа за инфраструктурно поврзување. Ова денеска го договориле премиерите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, како и Србија, Црна Гора и Косово со еврокомесарите за проширување и за транспорт, Јоханес Хан и Виолета Булц.

Хан по конференцијата изјави дека се среќни за постигнатиот договор, оти поврзување е едно, но сеопфатна дополнителна мрежа е нешто друго. ЕУ, според него ќе придонесе како прв чекор до 130 милиони евра во 2015 година од ИПА 2 фондовите, со цел да се почне со имплементирање на ова вмрежување. А, во следните години, според него ќе обезбедат до една милијарда евра.