Експлозија во Авганистан, една жртва

Најмалку едно лице загинало, а 15 биле повредени во експлозија во близина на полициска станица во авганистанската покраина Кандахар. Локалните власти соопштија дека инцидентот се случил додека припадници на полицијата се обидувале да го онеспособат експлозивот кој денеска го заплениле од талибанците. Лицето кое загинало е цивил, кој случајно минувал на местото, додека меѓу повредните има пет цивили и пет полицајци.