ЕУ длабоко загрижена за ситуацијата во Македонија

Европската унија денеска ги усвои заклучоците за Македонија во кои е изразена длабока загриженост за влошувањето на ситуацијата во земјата, посебно за владеење на правото, фундаменталните права и слободата на медиумите. Советот ги повикува сите страни да продолжат со зададените одговорности и да преземат итни мерки за пронаоѓање одржливо решение, притоа конструктивно да се заложат за обнова на политичкиот дијалог и да ја вратат довербата во институциите врз основа на соодветни политички чекори. Сите обвинувања, според Советот треба да се истражат од страна на релевантните власти вклучително и обвинувањата за можните злоупотреби кои се објавуваат. Советот, како што се додава, ја поздравува вклученоста на ЕП во разговорите меѓу власта и опозицијата и ги повикува двете страни што поскоро да пронајдат решение за политичката криза во земјата.