Американски воени бродови во близина на Јемен

Американската морнарица испратила носач на авиони и борбен брод кон Јемен. Станува збор за носачот на авиони „Теодор Рузвелт“ и за бродот што го придружува „Норманди“ кои досега беа во Персискиот залив. Портпаролот на Пентагон, Стив Ворен ги демантира извештаите дека бродовите биле испратени со цел да пресретнуваат ирачки бродови со помош за Хути бунтовниците во Јемен кои се поддржани од Техеран.