Во Брисел состанок меѓу премиерите на Србија и Косово

Денеска во Брисел треба да се одржи состанок меѓу премиерите на Србија и на Косово Александар Вучиќ и Иса Мустафа. Тие се очекува да го разгледаат напредокот во спроведувањето на спогодбите постигнати на претходните состаноци, како и за натамошните чекори во нормализирање на односите, се наведува во соопштението на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини. Последната средба меѓу двете страни беше на 9 февруари годинава, кога беше потпишана спогодба за правосудството.