Економски коридор меѓу Кина и Пакистан

Кина и Пакистан покренаа енергетски и инфраструктурни проекти во вредност од 46 милијарди долари со цел поврзување на нивните економии. Пакистанскиот премиер Наваз Шариф и неговиот гостин кинескиот претседател Кси Џинпинг во Исламабад потпишаа договори со што почнува изградбата на Кинеско пакистанскиот економски коридор. Со него се поврзува пакистанското пристаниште Гвадар на Арапско Море со кинескиот западен регион Ксинџијанг.