Времето денеска: сончево со умерена облачност

Во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Преку денот ќе дува умерен на моменти засилен северен ветер кој на места ќе достигнува брзина и до 100 километри на час. Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната од 10 до 18 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, на моменти засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 15 степени.