Спасени 336 имигранти во Егејското море

Турската крајбрежна стража во последните четири дена спасила 336 илегални имигранти во Егејско Море. Имигрантите се обидувале од Турција да стигнат до грчките острови. Имигрантите се државјани на Сирија, Авганистан, Еритреја и Мјанмар, како и Камерун, Конго, Мали, Иран и Пакистан.