Сириската опозиција бара Казахстан да посредува во преговорите

Нурсултан Назарбаев, претседател на Казахстан.

Казахстанското министерство за надворешни работи соопшти дека неколку сириски опозициски групи побарале од претседателот Нурсултан Назарбаев да биде домаќин на разговорите меѓу нивни претставници во напорите за пронаоѓање на граѓанската војна во Сирија. Министерството не прецизираше конкретно за кои групи се работи.

Портпаролот на министерството, Алтаи Абибулаев изјави дека претставници на сирискиот претседател Баша ал Асад не треба да бидат исклучени од било какви мировни преговори. Тој притоа додаде дека земјата нема намера да ги замени постојните платформи во мировните преговори.